Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе најави можно заминување од Пари Сен Жермен, а медиумите веднаш открија и која е причината за ваквиот потег на талентираниот напаѓач. Тој е во конфликт со првата ѕвезда, Бразилецот Нејмар, но и со тренерот Томас Тухел. Поради ова побарал од раководството да му дозволи трансфер во летниот преоден рок.
Французинот е незадоволен поради фактот дека Тухел останал на својот Нејмар и Кавани да се први изведувачи на пеналите во тимот, иако Мбапе беше во трка за „Златната копачка“ заедно со Меси.
Мбапе има договор со ПСЖ до 2023 година, а неговиот татко кој воедно му е и фудбалски агент отпочнал разговори со клубот истакнувајќи го барањето за заминување. Сепак, од францускиот првак веднаш пристигна реакција дека Мбапе ќе мора да го испочитува договорот и да остане на „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА