Несогласувања во ПСЖ? За Леонардо судијата е виновен за поразот од Нант, Покетино не смета така

Вчера ПСЖ загуби со 3-1 од Нант во француското првенство, а од раководството на Парижаните се бесни на судијата и неговите одлуки. Леонардо смета дека токму арбитарот е виновник за овој пораз на лидерот на тбаелата.

Но, Покетино не се согласува со својот „шеф“, па така во Франција веќе тргнаа шпекулации за несогласувања во редовите на тимот од Париз, па дури и дека Тотенхем и ПСЖ може да направат размена на тренерите.

„Мораме да ги раздвоиме работите, не загубивме поради судијата. Точно е дека немаше исти критериуми кон двата тима, и тоа ги налути играчите и Леонардо. Но, ни недостасуваше ефикасност а во одбраната имавме големи слабости“, рече Покетино.

Со оваа изјава само уште еднаш се потврдуваат шпекулациите дека ситуацијата во ПСЖ на релација тренер – раководство не е најсјајна. Затоа се повеќе се зборува за заминување на Покетино во Манчестер Јунајтед, а на клупата на Парижаните да дојде Зидан. Но, исто така денеска се шпекулира дека Тотенхем му нуди на Покетино „кам-бек“, а во спротивен правец да замине Конте, варијанта која е помалку веројатна.

Покетино може да преживее на клупата на ПСЖ само доколку го мине Реал Мадрид. Неговиот тим има предност по првиот меч од 1-0, и сега ќе треба таа предност да ја брани на „Сантијаго Бернабе“.

Се вчитува...