Несогласувањата меѓу Нејмар и ПСЖ почнале поради доктори

Несогласувањата на релација Нејмар-Пари Сен Жермен почнале поради изборот на доктори кои требало да ја санираат неговата повреда, пренесуваат француските медиуми.

По повредата која Нејмар ја заработи на 23. јануари, тој и неговиот татко инсистирале докторот на бразилската репрезентација да се погрижи за неговото здравје, додека од ПСЖ сакале за него да се погрижи клупскиот доктор.

На крајот бразилскиот доктор Родриго Ласмар извршил полесен оперативен зафат, по кој ќе се испостави дека почнале сите проблеми. Медицинскиот штраф кој бил поставен во петата бил премногу краток, по што морала да следи нова интервенција која го одвои Нејмар од терените до крајот на сезоната.

По мислењето на раководството на „светците“ негов императив бил настапот на Копа Америка, а не целите на неговиот клуб. Сепак, тој доживеа нова повреда поради која мораше да ја пропушти Копа Америка, на која триумфираше неговиот Бразил.

Се вчитува...