Несреќен пораз на Ристовска и ЦСКА Москва во дербито против Ростов Дон

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва забележаа несреќен пораз од 21-20 на гостувањето кај Ростов Дон во дербито на руската женска ракометна лига. Тимот од Москва имаше предност се до две минути до крајот на натпреварот, кога следеше голем пад кој домаќинките успеаја да го искористат за триумф од еден гол разлика.

Сара Ристовска одигра четиринаесет минути на овој натпревар во кои постигна два гола од вкупно три удари кон противничкиот гол. Дон останува со максимален учинок од четиринаесет победи на првото место, додека ЦСКА Москва е втора со 15 победи и четири порази.

Се вчитува...