Нестор-гол гледа кон Фиренца: Бабакар во Бешикташ, Несторовски во Фиорентина

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е на добар пат да стане нов фудбалер на Фиорентина и претстојната сезона повторно да игра во Серија А. За оваа комбинација се говори веќе подолг период, а Нестор – гол е првата опција за засилување во навалната линија на „виолетовите“, но доколку си заминат актуелните напаѓачи Калиниќ и Бабакар.

И за тоа веќе има сериозни најави. Бабакар е пред трансфер во турскиот Бешикташ, а Фиорентина е подготвена веднаш по реализација на овој трансфер да тргне во акција за ангажман на Илија Несторовски. Понудата е 10 милиони евра, а Палермо би можел да „избоксува“ и поголема сума во текот на преговорите.

 

Се вчитува...