Нестор-гол претставен во Удинезе – Ќе ја оправдам довербата која ми е дадена

Македонскиот  репрезентативец Илија Несторовски беше претставен како нов фудбалер на калчолигашот Удинезе. Тој на официјалната прес-конференција вели дека е благодарен на сите за одличниот прием и се надева дека со одличните игри ќе ја оправда довербата која му е дадена од клубот.

„За мене трансферот во Удинезе е чекор напред во кариерата. Се надевам дека со моите игри ќе ја оправдам довербата која ми ја даде клубот. Знам се за клубот и за секого тука во Удине, бидејќи јас дишам за фудбалот и сакам да бидам во тек со се. Одлично се сложувам со сите напаѓачи во клубот и се надевам дека ќе имаме одлична сезона“, изјави Несторовски. 

Нестор-гол веќе го имаше и својот деби настап за Удинезе, а постигна и два гола на мечот против италијански четвртолигаш.

Се вчитува...