Нестор – гол со Удинезе подобар од Бешикташ

Македонскиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски одигра 20 минути на мечот во кој неговиот Удинезе со 2-0 го победи турскиот Бешикташ. Тимот од Удине до победата стигна со головите на Кевин Лазања во 47. и Игнацио Пусето во 53 минута.

Нашиот репрезентативец влезе во 70. минута од натпреварот на местото на стрелецот на вториот погодок за калчолигашот Игнацио Пусето.

Во првото коло од сезоната во Серија A Удинезе на домашен терен ќе го пречека Милан.

Се вчитува...