Несторовски: Бевме навредувани по мечот со Австрија, но сега покажавме карактер

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Илија Несторовски за првпат со капитенската лента на еден репрезентативен натпревар. По отсуството на Горан Пандев ја понесе капитенската улога на дуелот против Израел на кој Македонија стигна до реми (1-1), иако со можност и за освојување на трите бода…

„Голема е честа да се биде капитен. Оваа репрезентација беше навредувана после поразот со Австрија но еве се вративме, покажавме карактер. Сега да одиме да ја победиме Летонија и да се вмешаме во борбата за повисоките позиции во групата“ – истакна Несторовски по натпреварот со Израелците.

Се вчитува...