Несторовски блеска против аматери, едвај чека сезоната да почне

Илија Несторовски продолжува со одличните игри во дресот на Удинезе во подготвителниот период, откако македонскиот ас постигна два гола и на денешниот пријателски меч против Сан Луиџи.

„Фриулијаните“ го добија натпреварот со 9-2, а македонскиот ас беше во главна улога. Најпрвин над него беше направен пенал за почетно водство на Удинезе од 1-0, а потоа Нестор-гол самиот постигна два погодоци, за водство од 4-0 и 5-0 на својот тим.

Јасно е дека дефанзивците на аматерските италијански состави не се дораснати да го запрат македонскиот репрезентативец, кој со добри игри се наметнува кај тренерот Тудор за да биде стартер и на почетокот од новата калчолигашка сезона.

Се вчитува...