Несторовски: Да постигнеме гол против Австријците

Фудбалската репрезентација на Македонија утре има нов предизвик, квалификациски дуел против Австрија во Скопје. По незаслужениот пораз од Полска (0-1) надежите се дека фортуната ќе биде на наша страна против Австрија. Но, ќе треба да се постигне гол за триумф.

„Имавме шанси против Полска, ние дури и поизгледни од нив. Тие од ’ништо’ постигнаа гол. За жал, ние не успеавме, но ќе дадеме се од себе за да ја затресеме мрежата на Австрија“, изјави Илија Несторовски на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот квалификациски меч на „Тодор Проески арена“.

Се вчитува...