Несторовски дебитираше за Удинезе против Борусија Дортмунд

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски веднаш по потписот на договорот го имаше и официјалното деби во дресот на италијанскиот калчолигаш Удинезе. Тој одигра дваесетина минути на денешниот пријателски меч против Борусија Дортмунд (1-4).

Несторовски влезе во игра во 73.минута на местото на Пусето. По неговото влегување, Удинезе го постигна единствениот гол на натпреварот, а беше дело на Роландо Мандрагора во 76.минута.

Се вчитува...