Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски до крајот на оваа седмица и официјално ќе стане нов играч на калчолигашот Удинезе. Се е договорено за негов трансфер во тимот од Удине, откако Палермо дефинитивно нема да биде дел од Серија Б, а тоа значи и дека фудбалерите можат да заминат како слободни агенти.
„Ние имаме огромна желба да го видиме Несторовски во тимот. Наскоро ќе може да можеме да ви соопштиме конкретни детали“, изјави генералниот менаџер на Удинезе, Франко Колавино.
Несторовски во текот на денешниот ден заедно со агентот треба да допатува во Удине, да ги изврши медицинските прегледи, а потоа и да стави потпис на договор со Удинезе. Од клубот заминува Родриго де Пол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА