Несторовски доби црвен картон, само бод за Палермо во Козенца

Илија Несторовски го постигна својот десетти гол за Палермо сезонава на гостувањето против Козенца, но неговиот тим сепак не успеа да стигне до цел плен на овој натпревар. Згора на тоа, Несторовски во самиот финиш заработи и црвен картон, поради што сега го очекува суспензија од најмалку еден меч.

Козенца уште во првото полувреме стигна до израмнување по водечкиот погодок на Македонецот, по што Палермо повторно се обиде да стигне до водство и цел плен на ова гостување.

Гостите промашија неколку шанси, а Несторовски на крајот ги загуби нервите, во 88. минута доби жолт картон, а две минути подоцна му беше покажан и црвен картон.

Се вчитува...