Несторовски добива шанса од првата минута против Рома

Илија Несторовски ќе добие шанса да го постигне првиот калчолигашки гол во дресот на Удинезе, откако тренерот Игор Тудор најавил дека Македонецот ќе го предводи нападот на „фриулијаните“ на утрешниот дуел со Рома.

Несторовски ќе добие шанса на местото на Ласања, кој се повредил на последниот меч со Аталанта. Иако повредата не е сериозна, Тудор не сака да ризикува со својот стартен голгетер, па решил да му даде можност за докажување на Македонецот, како партнер во нападот на Окака.

Удинезе на последните две домашни средби стигна до минимални победи од по 1-0, против Болоња и Торино, серија што Несторовски и соиграчите ќе се обидат да ја продолжат и на мечот против силниот состав на Рома.

Се вчитува...