Несторовски го одигра последниот меч на „Фриули“, Удинезе загуби дома од Специја

Илија Несторовски го одигра својот последен меч на „Фриули“ откако македонскиот интернационалец влезе во игра во второто полувреме од мечот со Специја што Удинезе го загуби со 2-3.

Несторовски речиси цела сезона ја мина на клупата за резерви, речиси сигурно е дека летово ќе си замине од Удинезе, па денеска доби шанса да влезе во игра во 53. минута на местото на Пусето, на последниот домашен меч на Удинезе сезонава. „Фриулијаните“ одиграа далеку под своите можности, губејќи со 2-3, резултат со кој Специја и дефинитивно си го осигура опстанокот во елитата.

Во вториот меч од Калчо-лигата што стартуваше во 18 часот Торино како гостин ја совлада Верона со 0-1, со голот што го постигна Брекало во 19. минута.

Се вчитува...