Несторовски и Трајковски по повеќе од два месеци почувствуваа пораз во Серија Б

По осум едноподруго меча без пораз во повеќе од два месеци, Палермо конечно почувствува пораз во Серија Б. Во 24. коло тимот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски загуби во дерби пресметката на гостувањето против Емполи со убедливи 4-0 (2-0).

Бриги во 12. минута и Капуто кој запиша хет-трик со головите во 45., 51. и 82. минута од пенал беа стрелци за Емполи.



Несторовски и Трајковски од првата минута го почнаа натпреварот во дресот на Палермо, притоа Несторовски играјќи до 65. минута а Трајковски го одигра целиот натпревар.

По овој пораз, Палермо со 43 бода падна на третата позиција, додека на второто место се искачи токму Емполи исто така со 43 бода но со подобра гол разлика од Палермо. На врвот е Фросиноне со ист број бодови, но и натпревар помалку. Првопласираните две екипи од Серија Б обезбедуваат директен пласман во Серија А следната сезона.

Се вчитува...