Несторовски ќе заработува милион евра по сезона во Удинезе

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе потише тригодишен договор со италијанскиот калчолигаш Удинезе и ќе заработува милион евра по сезона. Тој се враќа во Серија А, откако минатата сезона со Палермо ја мина во втората по квалитет италијанска фудбалска лига.

Агентот на Несторовски, Хрватот Давор Чурковиќ, ги договорил сите детали со раководството на Удинезе. Се очекува Нестор – гол да пристигне во Удине, да ги мине недицинските прегледи, а потоа и официјално да стави потпис на договорот.

Капитенот на Палермо, како што откриваат италијанските медиуми, бил во комбинациите и на турскиот клуб Фенербахче, но, сепак, Удинезе веќе го има ’капарисано’ одличниот напаѓач. Тој заминува од Палермо како слободен агент, со оглед дека клубот е административно исфрлен од Серија Б во понизок ранг поради финансиски малверзации.

Се вчитува...