Несторовски конечно добива шанса во првиот тим на Удинезе

Илија Несторовски повеќе од еден месец ја грее клупата на Удинезе, но македонскиот репрезентативен напаѓач конечно ќе добие шанса во стартниот тим на „фриулијаните“ на претстојниот меч со Фиорентина.

Тренерот Готи има причина за загриженост, во последните пет кола неговите избраници постигнаа само два погодоци, а продлабочување на кризата може да го турне Удинезе кон самото дно на табелата во пресрет на завршницата од сезонава. Токму затоа стратегот на клубот од Удине се решил за рокада во нападот, па ќе му даде предност на Несторовски пред Ласања, кој не реализираше неколку одлични шанси на последните средби.

Несторовски по трансферот од Палермо одигра 16 средби за Удинезе, притоа постигнувајќи само еден гол. Тој последен пат беше стартер за „фриулијаните“ на 15 јануари, кога овој тим загуби од шампионот Јувентус со 4-0.

Се вчитува...