Несторовски: Можеме до добар резултат и со Полска и со Австрија

Македонската репрезентација веќе интензивно се подготвува за двата квалификациски натпревари против Полска и против Австрија кои не очекуваат на арената „Тоше Проевски“ на 7. и на 10. јуни во Скопје.

Иако во некомплетен состав, пред официјалниот старт на подготовките, селекторот Игор Ангеловски активно работи за поголемиот дел од првотимците на кои ќе се смета за двете важни пресметки од квалификациите. Офанзивецот на Палермо, Илија Несторовски верува дека Македонија повторно може да одигра квалитетни натпревари преку кои ќе се продолжи битката за првите две места во групата во овие квалификации…

„Иако има уште една недела до првиот натпревар со Полска се подготвуваме навистина квалитетно, во очекување на комплетирањето на репрезентацијата. Секако, фокусирани сме најпрво на натпреварот со Полска. Лично верувам дека успешно може да парираме на двете репрезентации и покрај тоа што тие ја носат фаворитската улога. Доколку одиграме онака како што знаеме и умееме можеме до добар резултат на двете средби. Многу нешта околу резултатите ќе зависат од нас“ – вели Несторовски.

Се вчитува...