Несторовски не може сам – само бод за Палермо против Сампдорија

Илија Несторовски повторно беше стрелец на Палермо, но уште еднаш се покажа дека македонскиот репрезентативец не може самиот да му донесе позитивен резултат на својот тим . Сицилијанците речиси цел натпревар имаа водство на домашен терен против Сампдорија (1-1), но примија гол во последната минута и на крајот освоија само еден наместо посакуваните три бода, кои ќе им беа од огромна важност во битката за опстанок.

Судијата престрого досуди пенал во корист на Палермо во првото полувреме, Македонецот ја превзеде одговорноста врз себе и беспрекорно биеше под гредата, носејќи голема победа. Несторовски во вториот дел имаше убава шанса и за втор погодок, но гостинскиот голман успеа да го одбрани неговиот шут. Казнатa стигна во последната минута, кога искусниот Квалјарела го матираше голманот Посавец.

Палермо имаше шанса сепак да стигне до цел плен, Несторовски одлично го проигра Дијаманати, но неговиот удар беше одбранеет од страна на гостинскиот голман.

Ilija Nestorovski penalty Goal HD – Palermo 1… by claytonashurst

Fabio Quagliarella Goal HD – Palermo 1-1… by Live1Goals

Се вчитува...