Несторовски: Не промашувам пенал на тренинг, но …

Илија Несторовски не го криеше разочарувањето по промашениот пенал на натпреварот против Венеција, меч на кој Палермо загуби два значајни бода во битката за највисок пласман.

Тренирам пенали и можам да кажам дека нашите голмани на тренинзите не ми одбранија ниту еден минатата седмица. Гледам да шутирам најпрецизно што можам, но синоќа не бев на висина на задачата. Освоивме значаен бод на тешко гостување, но лесно можевме да стигнеме и до цел плен, затоа искрено жалам што не го реализирав ударот од белата точка“ – истакна Несторовски за сицилијанските медиуми.

Палермо моментно се наоѓа на второто место на табелата во „СеријаБ“ со 46 бода, четири помалку и натпревар помалку во однос на лидерот Бреша.

Се вчитува...