Несторовски: Не се важни моите голови, важно е дека навивачите ни веруваат

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја донесе победата за Палермо во синоќешниот дерби натпревар против Верона во Серија Б. Несторовски беше стрелец на единствениот гол на мечот за триумф од 1-0, со кој Палермо го одржува ритамот во трката за водечките две позиции на табелата кои водат во Серија А.

Но, капитенот на сицилијанците, скромно нагласува дека најмалку важни се неговите голови но пред се играта на Палермо и патот кон Првата италијанска лига.

„Не се воопшто важни моите голови. Важни се победите, важен е нашиот цврст пат кон зацртаните цели, важно е што ни веруваат навивачите и што се постојано со нас оваа сезона. Секако значајна ни е победата против Верона која дополнително ни носи мотив за понатаму. Верувам дека ќе продолжиме во ист стил“ – вели Несторовски.

Се вчитува...