Несторовски не запира – „десетка“ во „Серија Б“

Илија Несторовски продолжи со одличните игри за Палермо онаму каде што застана пред настапите за македонската репрезентација.

Сицилијанскиот клуб денеска е на незгодно гостување против Козенца, но успеа да го отвори резултатот во своја полза токму благодарение на Несторовски, кој одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и на додавање на Пушкаш го матираше домашниот голман.

За Македонецот ова е десетти погодок сезонава, со што дава огромен придонес во борбата на Палермо за враќање во италијанската фудбалска елита.

 

Се вчитува...