Илија Несторовски се врати во стартниот тим на Удинезе и помогна неговата екипа да ја прекине серијата слаби резултати, триумфирајќи со 1-0 над Болоња. Окака беше стрелец на единствениот гол за „фриулијаните“, а Несторовски го одигра сите 90 минути за својот тим.
Горан Пандев и Џенова претрпеа убедлив пораз од 4-0 на гостувањето против Лацио. Македонскиот капитен го одигра второто полувреме против поранешниот клуб, но не можеше да ја спречи катастрофата, стрелци за римјаните беа Милинковиќ – Савиќ, Раду, Каиседо и Имобиле.
Рома дојде до нови три бода триумфирајќи на гостински терен против Лече со 0-1, со голот со глава што во второто полувреме го постигна Един Џеко. „Волчицата“ имаше идеална шанса да постигне и втор погодок, но Коларов не реализираше пенал на десет минути до крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА