Несторовски остана без тренер – Игор Тудор заработи отказ во Удинезе

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски остана без тренер, откако италијанскиот калчолигаш Удинезе одлучи да го раскине договорот со Хрватот Игор Тудор. По солидниот почеток на сезоната се чинеше дека хрватскиот стратег може да биде долгорочно решение за тренерската позиција на тимот од Удине, но сепак по двата срамни пораза од Аталанта (7-1) и Рома (0-4), од клубот решија да го раскинат договорот со Тудор.

Привремено решение на тренерската позиција во Удинезе ќе биде Лука Готи кој беше помошник во тимот под водство на Игор Тудор. Удинезе моментално се наоѓа на 14. позиција на првенствената табела со освоени 10 бода.

 

Се вчитува...