Несторовски: Останувам во Палермо, за да го вратиме во Серија А

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е именуван за нов капитен на италијанскиот Палермо, и треба да биде предводник на овој тим во обидот за експресно враќање во Серија А. Популарниот Нестор-гол токму тоа и го потенцира во разговор за италијанските медиуми.

„Имам уште три години од договорот со Палермо и останувам тука, за да го вратиме клубот во Серија А. Му благодарам на претседателот Зампарини за укажаната доверба јас да бидам нов капитен на Палермо, тоа ќе биде дополнителна мотивација за мене во претстојниот период“, изјави Несторовски.

 

Се вчитува...