Несторовски по повредата: Премногу сакав да играм, згрешив што форсирав…

Илија Несторовски цела седмица се мачеше со повреда, но стисна заби и се појави во стартниот тим на дуелот со Читадела. Македонецот постигна погодок за водство од 1-0, но потоа во првото полувреме заработи повреда и мораше да биде заменет.

„Премногу сакав да играм, да помогнам. Бев пресреќен кога дадов гол, но кога се повредив ми стана јасно дека најверојатно згрешив што форсирав толку“ – истакна Несторовски.

Палермо по излегувањето на македонскиот капитен прими два гола и на крајот одигра само 2-2, губејќи ги шансите за директен влез во „Серија А“.

„Наша желба и обврска е да влеземе во елитата, а јас сигурно сносам дел од одговорноста што не се пласиравме директно во „Серија А“. Сепак, ќе играме бараж, мораме да останеме максимално сконцентрирани бидејќи имаме квалитет да се најдеме во елитното друштво“ – порачува Илија Несторовски.

Се вчитува...