Илија Несторовски викендов одигра од првата минута за Удинезе во пријателски меч во Копер. Тој напомена дека е среќен за кам-бекот на теренот после седум и пол месеци пауза.
„Играњето од првата миута беше неверојатно. Беа тешки седум месеци, но конечно се вратив на теренот. Се подготвувавме за пријателскиот натпревар, но во мојата глава беше како финале на Лигата на шампионите. По седум и пол месеци пауза излегувањето на теренот беше одлично искуство. Среќен сум затоа што мина добро, коленото одчлично го чувствувам. Сега треба да продолжам“, рече Несторовски.
Сега Несторовски и Удинезе ги чека меч со Торино.
„Трите бода против Сасуоло беа многу важни, и сега одиме во Торино да одиграме добар натпревар. Се надевам дека ќе играм и дека ќе постигнам гол за победа“, изјави голгетерот на Удинезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА