Несторовски: Пофалби за сите во националниот тим, условите и теренот – катастрофа!

Македонија славеше со 2-1 против Ерменија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а Илија Несторовски беше стрелец на вториот гол од пенал. Тој истакнува дека најважна е победата, критикувајќи ја состојбата на теренот, но и со пофалби за сите кои се дел од националниот тим.

„Најважно е што победивме, не е важно кој постигнува голови. Искрено, игравме во ненормални услови. теренот никогаш не бил во полошо издание. Голема пофалба за сите кои се дел од националниот тим, физиотерапевти, доктори, стручен штаб секако. Не очекува сега дуел со Грузија на гости, а знаеме дека поголем дел од фудбалерите не се во натпреварувачка форма. Но, Пандев, Трајковски, Велкоски, Зајков и другите беа на клупа и сигурно дека селекторот ќе може да ротира и да вклучи некои одморни фудбалери за тој натпревар. Секако очекуваме нов позитивен резултат“, изјави Несторовски.

Се вчитува...