Несторовски пред кам-бек во Палермо

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски и дефинитивно на крајот на сезоната ќе го напушти Удинезе откако му истекува договорот по четири поминати години на „Фриули“.

Како  што пренесуваат италијанските медиуми, македонскиот напаѓач е пред кам-бек во Палермо, клуб во кој ги имаше најдобрите настапи на „чизмата“.

Несторовски во Палермо дојде од Интер Запрешиќ во 2016 година каде веднаш стана миленик на навивачите. Палермо сезонава во Серија Б заврши на деветото место, а следната сезона ќе има многу поголеми цели, односно враќање во елитата.

Се вчитува...