Несторовски се повреди, Палермо стравува колку долго ќе отсуствува

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на италијанскиот второлигаш Палермо, Илија Несторовски, заработи повреда на синоќешниот меч против Читадела на гости (0-0). Нестор – гол заработи повреда на бутниот мускул на десната нога и мораше да ја напушти играта во 30.минута, кога на негово место влезе Ла Гумина.

Во текот на денешниот ден Илија Несторовски треба да ги мине деталните лекарски прегледи по што ќе биде познато и колку ќе отсуствува од фудбалските терени. Палермо е во низа од четири меча без победа во Серија Б, а стручниот штаб и фановите се надеваат дека Нестор – гол брзо ќе се врати во тимот.

Александар Трајковски беше стартер на синоќешниот натпревар и го одигра целиот меч против Читадела.

Се вчитува...