Несторовски се врати на тренинзите на Удинезе

Макеодонскиот фудбалски интернационалец, Илија Несторовски се врати на тренинзите на Удинезе, по пауза од шест месеци од тешката повреда на лигаментите на коленото и операцијата после која го пропушти дебито на Македонија на Европското првенство.

Несторовски досега беше во рехабилитациска програма, а од септември тренираше на терен, но само индивидуални тренинзи под строг надзор.

Несторовски е во  Удинезе од летото 2019 година кога дојде како слободен играч од Палермо.

Се вчитува...