Несторовски со четири, Трајковски со еден гол ги почнаа подготовките на Палермо

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со четири гола ги почна подготовките во дресот на италијанскиот Палермо.

Палермо подготовките ги започна со нисколигашот Сапада славејќи со нереални 20-0, а Несторовски постигна четири од тие погодоци. Александар Трајковски постигна еден гол.

Несторовски, според информациите од Италија, е пред трансфер ова лето и заминување од Палермо. Но, сето тоа во голема мера ќе зависи и од тоа дали Палермо можеби по административен пат ќе остане во Серија А, доколку на Парма и бидат одземени бодови поради местење во текот на минатата сезона.

Се вчитува...