Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец за Палермо во третата рунда натпревари од Купот на Италија, но тоа не помогна неговиот тим да ја избегне елиминацијата во најмасовното италијанско клупско натпреварување.
Палермо гостуваше на Каљари и загуби со 2-1. Македонскиот офанзивец, кој го одигра целиот натпревар, погоди во 52. минута за Палермо за израмнување во тие моменти на резултатот. Но, домашните во 73. минута преку Паволети постигнаа уште еден гол за триумф од 2-1.
Во тимот на Палермо настапи и вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА