Несторовски стрелец во убедливиот триумф на Удинезе против Лиeнц

Македонскиот фудбалски интернационалец, Илија Несторовски и неговиот Удинезе славеа со убедливи 11-0 против австриски Лиенц во првиот натпревар од подготовките за новата сезона во Серија А.

Несторовски кој го продолжи договорот со „калчолигашот“ го почна натпреварот против Австријците уште од самиот старт. Токму тој го отвори резултатот уште во 10. минута, носејќи водство од 1-0 за својот тим.

До крајот тимот од Удине постигна уште десет погодоци, а во листата на стрелците се запишаа и: Ловриќ, Чочета, Деулофеу, Переира, Арслан и Макенго.

Се вчитува...