Несторовски стрелец за Палермо на мечот против Верона… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го запиша својот 11-ти гол сезонава во дресот на Палермо.

Во 31. коло од Серија Б, Палермо на домашен терен има предност од 1-0 против Верона, на 20 минути до крајот на мечот, благодарение на голот на Несторовски во 46. минута.

 

Несторовски и Трајковски играат во стартниот состав на Палермо кој со триумф повторно би се вратил во трката за водечките две позиции на табелата.

Се вчитува...