Несторовски три години на „Фриули“, го избра и бројот на дрес

Трансферот на Илија Несторовски од Палермо во Удинезе е завршена работа, откако македонскиот репрезентативец ги договори сите детали од договорот со новиот клуб.

Договорот што Несторовски ќе го потпише со „фриулијаните“ е со важност од три сезони, со можност истиот да биде продолжен за уште една дополнителна година. Македонецот воедно го избрал и бројот на дрес во новиот клуб – бројот 30 што го носеше и во Палермо.

Несторовски ќе пристигне на „Фриули“ како слободен играч, по раскинот на договорот со сицилијанскиот клуб откако Палермо беше исфрлен во четвртата лига.

Се вчитува...