Несторовски влезе во финишот, Удинезе загуби од Верона

Илија Несторовски и Удинезе ја отворија новата калчолигашка сезона со пораз на гостувањето против Верона од 1-0. „Фриулијаните“ имаат за што да жалат бидејќи создадоа неколку одлични шанси, пред крајот на полувремето ја погодија и гредата од голот на гостите, но не успеаја да го најдат патот до мрежата на „веронезите“.

Македонскиот репрезентативец влезе во 78. минута на местото на Де Мајо, но не успеа да стори нешто повеќе во шеснаесетникот на домашниот тим.

Верона сосема неочекувано по првите две кола има максимални шест бода, откако во првата рунда службено го доби мечот со Рома, за денеска минимално да слави над Удинезе.

Се вчитува...