Повремениот македонски репрезентативец Илија Несторовски заврши со ангажманот во Асколи, и идната сезона ќе има нов клуб. Несторовски во Асколи мина една сезона, и има договор до 2025 година, но откако неговиот тим испадна во Серија „Ц“, може без никаква отштета да си оди од клубот, и ќе ја искористи таа можност.
Несторовски во Асколи дојде од Удинезе, откако му истече договорот со тимот од Удине. Тој долго време е во Италија, откако во минатото беше дел и од Палермо.
Искусниот 34-годишен фудбалер сезоната запиша 20 настапи во Серија „Б“ и постигна два гола. Во минатото играше за Интер Запрешиќ, Словачко, Викторија Жижков, а во Македонија играше за прилепска Победа и за скопски Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА