Несторовски: Жалам што една безопасна шега се претвори во трач со многу невистини

Медиумите од Сицилија попладнево пренесоа интересна приказна за  Илија Несторовски, кој наводно ќе настрадал од бесен мотоциклист кој се впуштил во бркотница со македонскиот репрезентативец, откако претходно бил испрскан со вода од автомобилот во кој кон тренинг-базата се превезувал Несторовски.

Сепак, откако мотоциклистот забележал дека се работи за голгетерот на Палермо, сето тоа завршило со срдечна средба фотографии и автограми.

По оваа случка се огласи и Илија Несторовски, кој вели дека сето тоа била една шега која е лошо пренесена во италијанските медиуми, со многу невистини…

„Жалам што една безопсана шега од мој пријател кој истури минерална вода се претвори во голем трач со многу невистини. Сепак, сакам да се извинам за непријатностите кои сепак нема да ни го одвлечат вниманието од натпреварот кој ни е во фокусот“се огласи Несторовски преку својот фејсбук профил.

Се вчитува...