Несудениот Македонец Ѓоковиќ со евро-гол во квалификациите за ЛШ (видео)

Дамјан Ѓоковиќ беше најавуван како засилување за македонската репрезентација, овој фудбалер требаше да добие пасош и да почне да настапува за „црвено-жолтите“, но не доби зелено светло од ФИФА за вакво нешто.

Ѓоковиќ затоа продолжува со добри игри на клупски план, па овој хрватски интеренационалец постигна прекрасен погодок за Клуж на гостувањето против Малме. По едно нафрлање во противничкиот шеснаесетник Ѓоковиќ се снајде одлично и со ножички го изненади домашниот голман, носејќи водство на Клуж од 0-1 и враќајќи го романскиот првак во игра по идентичниот пораз на домашен терен на првиот натпревар.

Се вчитува...