Неуспешна мисија: МЗТ Скопје елиминиран од АБА2

МЗТ Скопје повторно не успеа да се пласира во првиот ранг на АБА лигата откако во двомечот од четвртфиналето во разигрувањето беше сопрен од Младост Земун. По дебаклот на првиот меч (95-75), аеродромци заиграа далеку подобро во вториот натпревар кој успеаја да го добијат со 92-86, но недоволно за надокнадување на вкупната негатива и пласман во полуфиналето од регионалното натпреварување.

МЗТ Скопје повторно порфрли во одбраната на почетокот на натпреварот. „Сино-белите“ не успеаја да го одбранат рекетот каде доминираа играчите на Младост со 16 постигнати поени во првата четвртина со што стигнаа до комотна предност од 20-31 по 10. минути игра. Сепак до крајот на првото полувреме избраниците на Радуловиќ успеаја да ги консолидираат своите редови. МЗТ Скопје заигра далеку подобро во одбраната, успеа да го затвори рекетот и на крилјата на Гравет да одигра одлично во нападот со што аеродромци веќе до полувремето го превземаа водството и стигнаа до предност од 46-43.

Избраниците на Радуловиќ продолжија со добрата игра во одбраната на отварањето на второто полувреме, но не успеаја и резултатски да се одлепат. Младост постојано ја бркаше предноста, а во играта „кош за кош“ во која во МЗТ Скопје се издвои Крачиќ по 30. минути игра на семафорот стоеше предност од 69-67 за македонскиот состав. Добриот ритам на „сино-белите“ продолжи до крајот на натпреварот, но составот од Аеродром немаше сили за надокнадување на големата негатива од дваесет поени од првиот меч.

Иван Карачиќ и Хасани Гравет беа предовници на „сино-белите“ со по 21 поен на кои Американецот додаде и 4 скока, додека Хрватот еден скок го делеше од дабл-дабл учинок. Феми Олуџоби додаде 17 поени и 8 скока, додека како двоцифрен натпреварот го заврши и Бојан Крстевски со 12 поени и 6 скока.

Се вчитува...