Неверојатно видео: Ова е мечот за кој Погба фрлил клетва врз Мбапе, Килијан само се сопнуваше од топката

Клетвата што Пол Погба наводно му ја фрлил на Килијан Мбапе се однесува пред мечот ПСЖ – Манчестер Јунајтед, обелодени денеска неговиот брат Матијас преку најново видео објавено онлајн, иако Матијас Погба од пред неколку дена се наоѓа во притвор поради уценување на фудбалерот на Јувентус.

Малку требаше за повторно да се јават сите оние кои веруваат во силите на магијата и клетвите, па на твитер се појави видео компилација од настапот на Мбапе на тој дуел, што ПСЖ неочекувано го загуби на домашен терен, по што Јунајтед со гол од пенал во судиското продолжение ги елиминираше „светците“.

Ова дефинитивно е еден од најслабите мечеви во кариерата на Килијан Мбапе, кој неколку пати се наоѓаше во шанса или полушанса, но повеќе време мина нагазувајќи ја топката отколку загрозувајќи го сериозно голот на Де Хеа.

Се вчитува...