Неверојатен гол во Мексико: Со лоб од 40 метра го реши дербито против Тигрес (ВИДЕО)

Роберта де ла Роуз е херојот во Мексико откако фудбалерот на Пачука со гол од 40. метра донесе победа на неговиот состав на дерби натпреварот против Тигрес, кој впрочем беше и единствениот гол на мечот.

Клучниот момент се случи во 83. минута од натпреварот кога неуспешниот корнер на Тигрес отвори контра напад за Де ла Роуз, кој го искористи фактот дека голманот на гостите беше оддалечен од својот шеснаесетник.

Се вчитува...