Невeројатен луксуз: Погледнете го новиот дом на Роналдо во Лисабон од седум милиони евра (ВИДЕО)

Извршувањето на работите и опремувањето на прекрасната вила на Кристијано Роналдо во Лисабон, чија вредност се проценува на над 7.000.000 евра, полека завршува.

Колку само ќе биде специфичен овој имот, покажува фактот што дизајнерите морале да повикаат кран за да внесат огромен кревет низ покривот, кој ќе биде сместен во спалната соба на Португалецот.

Интересно, трансформацијата на оваа вила опфати и инсталирање на голем мурал во стилот на Луј Витон, кој вреди над 400.000 евра, и кој ќе го краси големиот ходник на влезот во пентхаусот. Кристијано Роналдо беше потврден како купувач на овој предмет во 2019 година, кога португалските медиуми потенцираа дека станува збор за најскапата аквизиција досега во таа земја.

Ангажирани се дури пет дизајнери само во внатрешноста на вилата, се со цел да се задоволи вкусот на пребирливиот Кристијано Роналдо и неговата девојка Герогрина Родригез. Споменатиот кревет, мурал и дури четири соби за децата, кои се украсени според нивните желби, се само дел од богатството што се крие зад ѕидовите.

Говорејќи за други недвижнини што ги поседува Роналдо, вреди да се спомене вилата на португалската ривиера на околу половина час од аеродромот во Лисабон, потоа куќата во вредност од 5.500.000 евра во близина на Мадрид и седумкатен стан во Фунчал на островот Мадеира, што го купи во 2019 година.

 

 

Се вчитува...