Неверојатен податок – Само на Ѓоковиќ му успеа ова во 2019

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е единствен кој во 2019 година успеа да освои титули на сите три подлоги. Ѓоковиќ годината ја заврши со пет трофеи, а интересно е што ги освојуваше на три различни подлоги, но и во различни временски услови.

Прво триумфираше на Австралија опен на тврда подлога, потоа беше најдобар на земја во Мадрид, па следеше титулата на Вимблдон на трева. Во октомври месец беше најдобар на турнирот во Токио, а сезоната ја заврши со победа во сала во Париз.

На Роџер Федерер му недостигаше трофеј на земја, на која по долга пауза повторно настапи, но не успеа да се радува на титула. Швајцарецот беше најдобар во Дубаи и Мајами на тврда подлога, во Хале на трева и во сала во Базел.

Првиот рекет на светот, Рафаел Надал освојуваше титули на земја на Ролан Гарос и во Рим, како и на тврда подлога во Канада и на УС опен.

Се вчитува...