Неверојатен подвиг: Спаси 11 меч топки и стигна до финале на ВТА турнир

Белгиската тенисерка Елис Мертенс го направи еден од најголемите пресврт во историјата на тенисот. Таа во полуфиналната победа на ВТА турнирот во Хертогенбош против Екатерина Александрова спаси дури 11 меч топки.

Во драматичен пресврт Мертенс победи со 2:6, 7:6 (7), 6:4 за два часа и 51 минута игра. Александрова имаше вкупно 11 меч топки, од кои по пет по 5:4 и 6:5 во вториот сет и уште една во „тај брејкот“ од истиот сет.

Со овој подвиг, Мертенс го израмни рекордот по бројот на зачувани поени на мечот на патот до победата, додека неприкосновен рекорд на сите времиња сè уште стои од 1930 година кога Американецот Вилмер Алисон победи по дури 18 одбранети меч поени во Дејвис купот против Италијанецот Џорџо Де Стефани.

Мертенс во финалето на Хертогенбош ќе игра против Елена Габриела Русе од Романија или Елизабета Кочарето од Италија.

Се вчитува...