Неверојатен пресврт: Лион имаше 0:2 до 81 минута, на крајот загуби од Ница

Неверојатен пресврт на натпреварот меѓу Ница и Лион. Гостите имаа победа, водство од 0:2 во последните 10 минути, но играчот помалку скапо ги чинеше, па Ница со три гола стигна до победата.

Екамби во 34. минута донесе водство на Лион, а потоа Ауар зголеми на 0:2. Интересно е тоа што Лион имаше и контрола на поседот, повеќе удари кон голот, меѓутоа во последните 10 минути „шок“.

Атал најпрво во 81. минута намалува на 1:2, а Делорт во 89. минута успеа да израмни. И кога се чинеше дека со тој резултат ќе заврши, Гусан во 93. минута погоди за конечни 3:2.

Се вчитува...