Неверојатен пресврт на Беневенто за победа во Џенова, триумф на Лацио (ВИДЕО)

Лацио тргна победнички во новата сезона од Серија А, во првиот свој натпревар славејќи на гостувањето против Каљари со 0-2.

Победата за „лацијалите“ ја донесоа Лазари со погодокот уште во 4. минута, и Имобиле со голот во 74. минута.

Сампдорија, пак, загуби со 2-3 од Беневенто на домашен терен и покрај предноста од 2-0 по само 18 минути игра. Но, Калдирола со два погодоци успеа најпрво да израмни, а потоа Летиција во 88. минута донесе победа за Беневенто.

Се вчитува...