Неверојатен срам – Атлетико Мадрид сигурно испиша негативна историја во ЛШ!

Манчестер сити славеше со минимални 1-0 против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Кевин де Брујне. Очекувано „душекчиите“ играа неверојатно дефанзивен фудбал, меѓутоа во поголемиот дел од натпреварот тоа беше типичен бункер во својот шеснаесетник.

За првпат во историјата од нокаут фазата во Лигата на шампионите се случило екипа во еден натпревар да нема удар на гол. Ова наиде на големо незадоволство кај неутралните фанови во светот, кои не сакаат во четвртфиналето од елитата да гледаат тимови како што е Атлетико Мадрид.

 

 

Се вчитува...